Близу 5.000 лица го загубија животот во катастрофалниот земјотрес кој вчера ги погоди Турција и Сирија.
Спасувачките екипи на терен се обидуваат да извлечат што повеќе преживеани. Загубите, пред се човечки се огромни, а проценките за црниот биланс се стравични.
Снимките од дрон го прикажуваат ужасот со кој се соочуваат овие две земји. Немоќта и болката за загубените човечки животи, срушените соништа на луѓето, но и упорноста да се спаси живот повеќе.