сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Спектакуларен огномет во Нов Зеланд, Новата 2020 дочекана во Кирибати и Самоа

ВИДЕО: Спектакуларен огномет во Нов Зеланд, Новата 2020 дочекана во Кирибати и Самоа

Први кои ја пречекаа Новата 2020 година се жителите на Самоа, откако пред осум години ја сменија временската зона. Американската Самоа, која се наоѓа на само 220 километри источно од Самоа на другата страна од датумската граница, последна ќе влезе во 2020 година.

По Самоа во новата година влезе и Нов Зеланд, по тешката година, во која беа соочени со голем терористички напад и ерупција на вулкан.  Во Новата 2020 година наскоро ќе влезе и Австралија, меѓу кои и Сиднеј, каде повторно ќе има спектакулараен огномет и покрај петицијата потпишана од повеќе од 280 илјади луѓе против таа атракција.

И жителите на Карабати и на Божиќните острови во Тихиот Океан, исто така ја дочекаа Новата година. Потоа следуваат Јапонија и Кина.

Најголемата новогодишна прослава во Германија ќе се одржи во Берлин, кај Брандербушката капија, а во Париз стравуваат дека штрајкот би можел даја попречи прославата, што обично привлекува неколку милиони луѓе.

Њујорк уште еднаш ќе привлече маса луѓе кои сакаат да бидат сведоци на одбројувањето и традиционалното спуштање на кристалната топка на Тајмс Сквер.

Лос Анџелес и Хонолулу исто така се подготвуваат за големите свечености, а Буенос Аирес и Рио де Женеиро од Латинска Америка ќе бидат место за најлудите забави.