петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Страшни снимки од Европа – Огромни поплави, уништени куќи и патишта, се бара вонредна состојба

ВИДЕО: Страшни снимки од Европа – Огромни поплави, уништени куќи и патишта, се бара вонредна состојба

Најмалку две лица починаа, а над 20 се водат за исчезнати во Франција и Италија откако силно невреме ги погоди пограничниот подрачја на двете земји.

Големите поплави оштетиле улици и куќи, а на социјалните мрежи кружат драматични снимки на кои се гледа како надојдената вода носи сѐ пред себе.

Бурата Алекс силно погоди и неколку села околу Ница.

Откако хеликоптер ги надлетал најтешко погодените подрачја, градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози истакнал дека тоа е најголемата поплава во последните повеќе од 100 години.

-Многу улици и околу стотина куќи се целосно или делумно уништени, изјави Естрози за францускиот ТВ канал БФМ.

Францускиот премиер Жан Кастекс на прес-конференција истакнал дека е шокиран од она што го видел по обиколката на погодените подрачја и додал дека бројот на починати може да биде поголем.

Според податоците со кои располагаат властите, засега на подрачјето на Франција исчезнати се најмалку осум лица. Меѓу нив и двајца пожарникари чие возило го однела надојдената вода.

Водата буквално рушела патишта и куќи, срушени се неколку мостови, а реките излеани од коритата.

Локалните власти во Италија, пак, информираат за најмалку две починати лица, еден пожарникар врз кого паднало дрво и маж на триесетина години чиј автомобил завршил во надојдената вода.

Се трага за еден Италијанец, а 21 лице за кое претходно се стравуваше дека се исчезнати се пронајдени и сместени на сигурно. Меѓу нив била и група на германски планинари.

Официјалните лица од Пијемонт информирале за рекордни 630 mm дожд колку што за 24 часа наврнало во место во близина на границата со Швајцарија. Локалните власти бараат италијанската влада да прогласи вонредна состојба откако нивото на реката По за само 24 часа се зголемило за три метри.

Од силната бура погодени се и Шпанија и Велика Британија.