петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Тереза Меј може да се најде во неволја поради воздушните напади во Сирија

ВИДЕО: Тереза Меј може да се најде во неволја поради воздушните напади во Сирија

Британската прва министерка, Тереза Меј одговарајќи на прашање зошто не побарала дозвола од парламентот за воздушните напади во Сирија, вели дека почувствувала оти потреба од акција.

Меј рече дека акцијата била преземена навремено во одговор за наводните напади со хемиско оружје во минатиот викенд.

-Заради безбедност на операцијата моравме да реагираме на овој начин, рече Меј.

Потенцираше дека во понеделник ќе се обрати во Парламентот.

Британската опозиција побара за евентуалната воена акција да се гласа во Парламентот. Премиерката нема законска обврска да го направи тоа иако е вообичаена пракса.