петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: За малку избегната трагедија, патниците се држеа за раце и се молеа, американски патнички авион принудно слета

ВИДЕО: За малку избегната трагедија, патниците се држеа за раце и се молеа, американски патнички авион принудно слета

Патнички авион на Американ ерлајнс беше принуден итно да слета откако удри во јато птици.

На снимката направена од внатрешноста на кабината се гледа како пламенот излегува од десниот мотор веднаш откако го напушти аеродромот Џон Глен во Колумбус, Охајо.

Очевидци велат дека авионот удрил во јато гуски за време на полетувањето, при што се верува дека најмалку едно животно било вовлечено во моторот. Се слушаат силни звуци пред член на екипажот во кабината да објави:

„Во ред, имаме мала ситуација“.

„Во тој момент, сите се испаничија и почнаа да се молат, а знаете, луѓето се држеа за раце и други работи“, рече патничката Касандра Слипер, објави British Metro.

Жител на соседниот град Апер Арлингтон, кој го снимил моментот од земја, рече дека слушнал „неверојатни, пулсирачки звуци“ од леталото.