среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владимир Кличко пристигна во Берлин за да побара дополнителна помош

Владимир Кличко пристигна во Берлин за да побара дополнителна помош

Поранешниот светски шампион во бокс Владимир Кличко, брат на градоначалникот на Киев, Витали, денеска пристигна во Берлин, каде планира да разговара со германските политичари за дополнителна помош за Украина.

Пред патувањето во Германија, браќата Кличко на Твитер објавија дека денеска е важно да се обединат сите сили, како во Украина, така и во земјите партнери.

– Владимир отпатува во Украина со делегацијата од Украина – се наведува на Твитер.

Преку својот Телеграм канал тие порачаа дека Владимир на состаноците во Германија ќе разговара за политичката подршка на Украина, но и за економска, хуманитарна и воена помош.

– Пристигнав во Германија за да ја поддржам делегацијата на Украина во политичките разговори. Станува збор за натамошна помош на Украина во драматичната ситуација во која се наоѓа нашата земја. Благодарни сме за сета укажана помош, но итно ни е потребна уште поголема хуманитарна и воена поддршка за војната против руската армија – рече Кличко во изјава за Билд.