Најмалку 26 луѓе загинаа во шумскиот пожар во источниот дел на Алжир.
Според алжирското Министерство за внатрешни работи најголемиот број на жртви се пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде се пронајдени 24 безживотни тела.
Во Алжир минатата година загинаа 104 лица, меѓу кои 33 војници. (МИА)