среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Барселона евакуирана централната метростаница поради сомнителен предмет

Во Барселона евакуирана централната метростаница поради сомнителен предмет

Полицијата денеска соопшти дека наредила евакуација на централната метростаница во Барселона, Плаза Каталонија поради сомнителен предмет.

Претставник на полицијата на шпанската автономна област Каталонија изјави дека чувар слушнал звук на отчукување од канта за ѓубре и кабли, поради што е затворена метростаницата и распоредени се деминери.

Работиме на метро-станицата Плаза Каталонија откако добивме пријава за сомнителен предмет. Нашите специјалисти ги вршат потребните проверки за да се гарантира безбедност на местото, објави полицијата на Твитер.