недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Бугарија уапсени Русин и Литванци под сомнение за индустриска шпионажа

Во Бугарија уапсени Русин и Литванци под сомнение за индустриска шпионажа

Бугарската полиција уапси Русин и двајца државјани на Литванија под сомнение за индустриска шпионажа, соопшти денеска регионалната полиција на Стара Загора.

Како што се наведува, литванските државјани на возраст од 24 и 59 години и 60-годишен руски државјанин работеле во воената фабрика Арсенал.

Уапсени се на границата со Грција откако полицијата била информирана дека одредени производи и документи исчезнале од фабриката.