петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во чест на починатите од коронавирус, активисти на ѕид во Лондон цртаат 150.000 срца

Во чест на починатите од коронавирус, активисти на ѕид во Лондон цртаат 150.000 срца

На ѕидот наспроти британскиот Парламент активисти почнаа да цртат 150.000 срца во спомен на умрените од Ковид-19, но и како своевидна помош за семејствата на жртвите од пандемијата на коронавирусот.

Муралот треба да се протега стотици метри долж јужниот брег на реката Темза пред болницата Свети Тома, каде премиерот Борис Џонсон минатата година беше сместен на Одделението за интензивна нега кога сериозно се разболе од Ковид-19.

Акцијата е организирана од групата „Covid-19 Bereaved Families For Justice UK“, која бара јавна истрага за пристапот на владата кон пандемијата.

-Секое срце е насликано рачно и е уникатно, како и најблиските што ги изгубивме, изјави Мет Фаулер, еден од основачите на групата.

Британската Влада вети дека кога пандемијата ќе заврши ќе изгради споменик за жртвите на коронавирусот.