вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Чикаго уапсен Кинез поради шпионажа

Во Чикаго уапсен Кинез поради шпионажа

Во Чикаго е уапсен еден кинески државјанин поради сомневање дека шпионирал американски инженери и научници, меѓу кои и луѓе кои работат по договор за американскиот одбранбен сектор, соопштија американски сојузни обвинители.

Џи Чаицхун (27) е обвинет дека во САД свесно дејствувал како агент на кинеската Влада, а претходно не го известил државниот обвинител, стои во соопштение од канцеларијата на државниот обвинител во Чикаго.

Тој наводно работел по налог на високи кинески разузнавачи и бил задолжен да собере информации за осум лица со цел евентуално регрутирање.

Тој првпат дошол во САД во 2013 година за да студира електротехника на Институтот за технологија во Илиноис, а во 2016 година им се приклучил на резервистите на американската армија.

МИА