среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Данска уапсени две лица кои купувале дронови за ИД

Во Данска уапсени две лица кои купувале дронови за ИД

Данската полиција денеска уапси две лица под сомнение дека купувале дронови за Исламска држава во Сирија и во Ирак.

По апсењето, припадници на полицијата и на Данската безбедносна служба (ПЕТ) извршиле рации во поширокиот регион на Копенхаген.

Приведените утре ќе бидат сослушани зад затворени врати, а се очекува Обвинителство да побара притвор.

Се уште не е познато дали приведувањето е поврзано со минатогодишното апсење на 28-годишен маж во Данска, осомничен дека дронови, како и делови за беспилотните летала и инфрацрвени камери и доставувал на ИД преку Турција.