вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Данска уништени и закопани 17 милиони куни поради мутираниот коронавирус

Во Данска уништени и закопани 17 милиони куни поради мутираниот коронавирус

Повеќе од 17 милиони куни се уништени и закопани во Данска со цел да се спречи мутираниот коронавирус, кој е забележан кај овие глодари.

Новиот мутиран вид на коронавирусот наречен Кластер 5 има потенцијал да ги упропасти сите напори на научниците, кои досега работеа на вакцина против Ковид-19 односно да ја направи помалку ефикасна.

Данска се обиде да го запре ширењето на мутираниот коронавирус низ цела држава откако беа потврдени 13 случаи во северниот дел на земјата.

Научниците претпоставуваат дека куните биле заразени со новиот коронавирус од работниците на една фарма, а потоа мутираниот вирус се вратил кај луѓето.

Со вкрстувањето помеѓу видовите дошло до мутација на „спајк“ протеинот, преку кој влегува вочовековите клетки. (МИА)