петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во ЕУ употребата на гас намалена за речиси 20 проценти

Во ЕУ употребата на гас намалена за речиси 20 проценти

Во земјите од Европската унија потрошувачката на гас е намалена во втората половина од минатата година, поради невообичаено топлото време, скокот на цените што го намали индустриското производство, како и воведувањето на вонредни мерки за сузбивање на енергетската криза, соопшти денеска Евростат.

Вкупната потрошувачка на гас во ЕУ е намалена за 19,3 отсто од август до јануари во споредба со петгодишниот просек за истиот период, покажуваат податоците на Евростат.

Русија, како најголем снабдувач на ЕУ со гас, го прекина најголемиот дел од своите испораки по почетокот на војната во Украина минатата година, што доведе до енергетска криза во Европа, намалени испораки и рекордно високи цени.