понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во францускиот Парламент е претставен планот за излегување од ограничувачките мерки на француската Влада

Во францускиот Парламент е претставен планот за излегување од ограничувачките мерки на француската Влада

Францускиот премиер Едуар Филип пред Националното собрание го претстави планот за олабавување на мерките на ограничување. Притоа тој предупреди дека „ако индикаторите не се исполнети, олабавувањето на мерките нема да го има на 11 мај“, јави дописникот на МИА.

Мерките на ограничување и нивното подигање, нема да бидат исти во зависност од регионот, со оглед дека сите региони не се погодени од коронавирусот на ист начин. Односно секое оддалечување на повеќе од 100 километри од домот, мора да има императивни потреби. Значи од 11 мај повеќе нема да има потреба од потврда за излегување од дома.

Медиатеките, библиотеките и малите музеи ќе можат да отворат на 11 мај.

Од 11 мај ќе има 700 000 виролошки тестови неделно, позитивно тестираните лица ќе можат да се изолираат дома или во за тоа наменетите хотели. Нивните блиски ќе бидат тестирани, а тестовите ќе бидат на сметка на социјалното осигурување. Правилата на социјално растојание ќе треба и понатаму да се почитуваат, посебно во продавниците кои ќе можат да отворат на 11 мај, а секоја продавница може да побара носење на заштитна маска. Рестораните, кафулињата и бистроата ќе останат затворени, за нивното отворање одлуката ќе биде донесена по 2 јуни. Пазарите на отворени исто така ќе бидат доволени.

Во јавниот транспорт носењето на заштитна маска ќе биде задолжителна.

Спортските натпревари и понатаму остануваат забранети. Односно сезоната 2019-2020 за професионалните спортови, како фудбалот не може да продолжи.

Засега нема одлука за летните одмори и за другите манифестации, бидејќи сите собири со повеќе од 10 лица остануваат и понатаму забранети. Забранети се и религиозните свечености до 2 јуни. Додека собирите со повеќе од 5000 учесници и на кои им е потребна дозвола од префектурата не ќе можат да се одржат пред септември.

Училиштата ќе бидат прогресивно отворени од 11 мај , додека другите од 18 мај, со максимум од 15 ученици во одделение, наставниот и училишниот персонал ќе биде со маски ако не можат да се почитуваат гестовите на заштита. Од забавиште до петто одделени враќањето на училиште на 11 мај е на доброволна основа, на децата не им се советува да носат маски нда носат маски бидејќи тие не се прилагодени на нивните лица. За децата од 6 до 9 одделение ќе биде задолжително носењето на маски. А градинките ќе можат да работата само со десет деца, според приоритетот на работните обврски на нивните родители. Додека за средните училишта одлуката ќе биде донесена на крајот на мај.

Премиерот Филип, притоа тврди дека на 11 мај ќе има доволно маски за сите.

За апликацијата СтопКовид ќе се дискутира на посебна сесија на собранието, по што ќе има и посебно гласање.

Подигањето на мерките на ограничување според францускиот премиер се потребни, бидејќи во спротивно постои ризик од „рушење на економијата“/

-Чувствуваме дека продолжениот прекин на производството на цели делови од нашата економија, дека трајното нарушување на школувањето на голем број деца и адолесценти, дека прекинот на јавните или приватните инвестиции, дека продолженото затворање на границите, дека екстремното ограничување на слободата на движење (…), би претставувало за земјата, не само болното непријатност на затвореност, туку всушност она што е пострашно, ризикот од колапс “, рече премиерот, кој исто така додаде дека„ олабавувањето на мерките ќе се направи според триптихот: заштита- тестирање-изолирање “. Односно дека ќе биде потребно да научиме да живееме со Ковид-19 и да се заштитуваме.