четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Иран уапсени 12 лица осомничени за субверзивни активности

Во Иран уапсени 12 лица осомничени за субверзивни активности

Во Иран денеска се уапсени 12 лица обвинети за поврзаност со странски агенти и планирање „субверзивни дејствија“.

„Членовите на оваа мрежа, под водство на контрареволуционерни агенти кои живеат во Германија и Холандија, имаа намера да вршат субверзивни дејствија, обезбедување оружје и загрозување на националната безбедност“, се вели во соопштението на Иранската револуционерна гарда.

Во соопштението не е наведена националноста на поединците и не се дадени дополнителни информации.

Техеран ги обвини западните разузнавачки служби дека ги поттикнуваат протестите и сакаат да разгорат граѓанска војна во Иран.  (МИА)