недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Во Италија масовно апсење поради детска порнографија

Рано утрово околу 300 полицајци и агенти на италијанските сили за спроведување на законот извршија рација низ цела Италија и „на дело“ уапсија лица поврзани со детска порнографија, пренесува агенцијата Аги.

Во масовна акција, со соработка на полицијата од целиот свет, и по неколкумесечно следење и собирање податоци, италијанската полиција уапси 81 лице, вклучени во криминалната група за купување, продавање и производство на педо-порнографски материјал.

Оваа акција, која беше изведена под кодно име „Луна парк“, е најмасовна од ваков вид во последните неколку години.

Покрај италијански криминалци, уапсени се 432 лица ширум светот, од кои потекнува педо-порнографскиот материјал.