среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Италија се воведува полициски час

Во Италија се воведува полициски час

Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа потпиша указ со кој се воведува полициски час од 22 до пет часот на цела територија на Италија поради сузбивање на ширењето на новиот коронавирус.

Полицискиот час стапува во сила утре, а донесени се и други рестриктивни мерки, како што е намалување на капацитетот на градскиот сообраќај за 50 отсто, трговските центри ќе бидат затворени за време на викенд, а се затвораат и музеите, баровите, салите за видео игри, изложбите. Новите мерки ќе бидат во сила до 3 декември.

Исто така 20 италијански региони ќе бидат поделени на три зони – зелена,портокалова и црвена во зависност од епидемиолошката ситуација и во нив ќе се применуваат поголеми или помали рестриктивни мерки.

Во Италија од почетокот на пандемијата со Ковид-19 инфицирани се 759.829 луѓе и 39.412 смртни случаи.