Во Јапонија, во крајбрежниот град Таиџа, започна контроверзниот лов на делфини, кога овие морски животни се водат во заливот и се убиваат во плитка вода, а дел од нив се одбираат за продажба во околните аквариуми.
Овој лов е строго критикуван со децении, како од домашните невладини организации, така и од страна на меѓународната јавност, особено по документарецот „Заливот“, пренесува Би-би-си.
Невладината организација „Делфин проект“ соопшти дека денеска се убиени пет делфини. А пак, дозволениот број е 1.700 фатени или убиени животни.
Се очекува сезоната на лов на делфини да трае околу шест месеци.
Јапонија е цел на критики и поради ловот на китови.