петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Катманду едно лице почина од денга, заразен и министер

Во Катманду едно лице почина од денга, заразен и министер

Здравствените власти во Непал се во состојба на зголемена тревога во однос на ширењето на денга вирусот, откако во главниот град Катманду почина едно лице , а министерот за земјоделство во земјата е заразен.

До вторникот во земјата биле регистрирани 2.559 случаи на денга низ целата земја. Четири лица починаа, меѓу кои и еден човек во главниот град Катманду, изјави Пракаш Шах, доктор од одделението за епидемиологија и контрола на болести на Непал.

На министерот за земјоделство Чакрапани Ханал му е дијагностицирана болеста што ја пренесуваат комарцитете и се лекува во приватна болница во Катманду, потврди неговиот портпарол.

– Министерството за внатрешни работи нареди чистење на јавните места низ целата земја, со цел спречување на размножувањето на комарците кои ја пренесуваат болестта, рече Шах.

Тој уште посочи дека очекува епидемијата да трае до крајот на сезоната на дождови следниот месец.