Од почетокот на конфликтот во регионот на Киев пронајдени се 1.150 безживотни тела на цивили. Од 50 до 70 отсто од нив, имале повреди од куршуми од мало оружје, соопшти денеска киевската полиција.
– До денеска пронајдовме, прегледавме и им предадовме на форензичките институции 1.150 тела на мртви цивили, тврди началникот на полицијата, Андриј Небитов на снимка објавена на Твитер.
На снимката, тој стои пред разурнатите зградите уништени од тешките борби. (МИА)