четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во куќа во Милвоки убиени пет лица

Во куќа во Милвоки убиени пет лица

Мртвите тела на пет лица се пронајдени во куќа во американскиот град Милвоки, а полицијата смета дека се работи за повеќекратно убиство, соопштија локалните власти.

Полицијата на Милвоки одговорила на повикот околу 15:45 часот во неделата за да ја провери ситуацијата во куќата во која подоцна биле пронајдени мртви четворица мажи и една жена, изјави на прес-конференција помошник началникот на полицијата во Милвоки, Пол Формоло.

Идентитетот на жртвите се уште се утврдува.

– Граѓаните на нашата заедница беа загрижени за станарите што живееја таму. Ова е нормален повик на кој треба да одговориме. Тоа го правиме постојано – изјави Формоло.

Тој додаде дека се уште не се познати мотивите и дека нема информации што би навестиле дека постои опасност за заедницата.

Обдукциите, како што беше најавено, ќе бидат извршени денеска.