Четири момчиња починаа од убоди од нож во одвоени инциденти за време на новогодишната прослава во Лондон, соопшти денеска полицијата.
Тројца се избодени за време на дочекот на Новата година, а четвртиот во утринските часови. Инцидентите не се поврзани.
Уште едно момче кое е избодено денеска се наоѓа во болница во критична состојба.
Заедно со овие жртви, бројот на лица кои во текот на 2017 година се избодени на смрт во британската престолнина се искачи на 80, соопшти полицијата.