четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Лондон уапсен пијан копилот, имал алкохол во крвта 10 пати над дозволеното

Во Лондон уапсен пијан копилот, имал алкохол во крвта 10 пати над дозволеното

Копилот на јапонската авиокомпанија ЈАЛ е уапсен откако не го поминал тестот за проверка на здивот, пред полетување на авионот на линија Лондон-Токио.

Кацутоши Јуцукава (42) ја признал вината наведувајќи дека во крвта имал речиси 10 пати повеќе од дозволената количина алкохол.

Лондонската полиција соопшти дека Јуцукава се појавил во суд и ја признал вината.

Авиокомпанијата соопшти дека копилотот е уапсен на аеродромот Хитроу поради кршење на британскиот закон.

Тој бил уапсен кога возачот на автобусот кој го превезувал екипажот на лондонскиот аеродром намирисал алкохол и пријавил во полиција.

Тестот покажал дека Јуцукава има 189 милилитри алкохол на 100 милилитри крв, што е речиси 10 пати повеќе од дозволената количина.

Тој признал дека ноќта пред летот испил две литри вино и кригла пиво, и ќе биде задржан во притвор до 29 ноември.

МИА