четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во меѓународна акција уапсени 46 лица вклучени во трговија со луѓе

Во меѓународна акција уапсени 46 лица вклучени во трговија со луѓе

Во полициска акција против шверцери на бегалци, во која беа вклучени полициите на Шпанија и Албанија и надлежните безбедносни служби на Австрија, Франција, Италија, Словенија, Португалија, Велика Британија, САД, Косово и Европол, уапсени се вкупно 46 лица кои се дел од криминална мрежа што им овозможувала на бегалците илегално да влегуваат во Британија и САД.

-Истрагата, предводена од шпанската полиција со меѓународна полициска поддршка и соработка, резултираше со разбивање на организираната криминална група вклучена во трговија со луѓе и изработка на лажни лични документи и патни исправи, соопшти Европол.

Како што е наведено, билансот на полициската акција е: 46 уапсени, два претреса во куќи, заплена на фалсификувани лични документи, финансиски документи, електронска опрема, пари и разни наркотици.

Истрагата е започната во 2019 година поради голем број фалсификувани лични документи на бегалци од Западен Балкан.

Акцијата беше координирана од Европол, обезбедувајќи размена на доверливи информации и аналитичка и форензичка поддршка.