Ноќеска во Москва биле измерени -20 степени Целзиусови, со што тоа е најстудената ноќ оваа зима, соопштија од метеоролошката служба.
Ниски температури се очекуваат и на почетокот на Март, пренесуваат медиумите, кои додаваат дека Русија е зафатена од арктичка инвазија, што донела рекордни количини снег и студен арктички воздух.
Околу 3.000 домаќинства во регионот на Москва остнаа без струја поради снегот и ниските температури, а има и откажување на летови на аеродромот Шереметјево.