петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во напад на џихадисти во Сирија убиени 15 војници

Во напад на џихадисти во Сирија убиени 15 војници

Најмалку 15 сириски војници се убиени денеска во напад на џихадистите од терористичката Исламската држава врз воен автобус во пустинска област во централниот дел на земјата, соопшти сириската опозициска Опсерваторија за човекови права.

„Припадниците на Исламската држава нападнаа воен автобус во сириската пустина Палмира, при што се убиени 15 војници, а 18 беа ранети“, соопшти опсерваторијата.

Сириската агенција Сана, од своја страна, јави дека загинале 13 војници, меѓу кои и офицери и додаде дека 18 војници се ранети, пренесува Бета.

ИД засега не презеде одговорност за нападот.

Во војната во Сирија, која започна во 2011 година, загинаа повеќе од 500.000 луѓе, уништена е инфраструктурата на земјата и принуди неколку милиони луѓе да ги напуштат домовите. (МИА)