Гувернерот на областа Лавов изјави дека во нападот на воената база западно од Лавов загинале девет лица, а ранети се 57 луѓе.
Гувернерот Максим Козицки потврди дека Русија утринава истрелала 30 ракети врз комплекс на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.