сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во полицијата на Кипар 25 отсто се жени

Во полицијата на Кипар 25 отсто се жени

Кипар е меѓу првите европски земји кои имаат висок процент на жени во полицијата, објави кипарската новинска агенција ЦНА.

– Просечно 25 отсто од персоналот се жени, изјави помошник директорката  на Одделот за борба со криминал на Кипар Киријаки Ламбрианиду.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на денешниот настан посветен на Меѓународниот ден на жената, како и на жените во полициските сили, Ламбрианиду ги презентирала податоците од Евростат, истакнувајќи дека во Европа просечниот број на жени полицајци е 18 проценти, а на Кипар достигнува до 25 отсто.