среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во пожарот на пазарот во близина на Париз нема жртви

Во пожарот на пазарот во близина на Париз нема жртви

Голем пожар избувна попладнево во магацинот на најголемиот пазар во околината на Париз, во Ренжис, јавија локалните медиуми наведувајќи дека нема жртви.

Пожарот избувнал во магацин на продавач на големо на овошје и зеленчук, во центарот на познатиот меѓународен пазар каде има 1.200 компании.

Пожарот, за кој сè уште не се знае што го предизвикало, ги зафатил дрвените палети, а потоа се проширил на целата магацинска зграда.

Пожарот го гаснат околу 30 противпожарни возила и 100 пожарникари, соопшти противпожарната служба и додаде дека огнот е ставен под контрола, нема жртви и нема опасност од ширење на пламените јазици.

Густ чад бил видлив на неколку километри, во јужната периферија на Париз, во близина на аеродромот Орли, како и во самиот главен град на Франција.

Локалната полиција соопшти дека истрагата за причините за пожарот е во тек, додека граѓаните и возачите се повикуваат да ја избегнуваат областа.

Пазарот во Ренжис е централен снабдувач на Париз и неговата околина и се смета за еден од најголемите пазари за земјоделски производи во светот.(МИА)