петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во пожар во болница во западна Германија повредени 28 луѓе

Во пожар во болница во западна Германија повредени 28 луѓе

Во синоќешниот пожар во болница во германскиот град Хемер, 30 километри југоисточно од Дортмунд, повредени се 28 лица, од кои пет се во тешка здравствена состојба.

Пожарот избил во болничка соба. Помеѓу повредените се и пациенти и болнички персонал.

Дел од зградата каде изби пожарот не е повеќе за користење. Сè уште не е позната причината за пожарот. (МИА)