Видео координаторот на агенцијата Франс прес во Украина, Арман Солден, е убиен попладнево во ракетен напад во источна Украина, јавија новинарите на АФП кои беа со него, пренесе Бета.
Нападот се случил околу 16:30 часот по локално време во околината на Часов Јар, украински град во близина на Бахмут кој секојдневно е цел на руските сили.
Арман Солден (32) бил со уште четворица колеги кои не се повредени. Тие биле со украинските војници кога биле погодени од ракетен напад.
– Целата агенција е скршена, изјави Фабрис Фрис, генерален директор на АФП.
– Неговата смрт е ужасен потсетник за ризиците и опасностите со кои секојдневно се соочуваат новинарите додека известуваат за конфликтот во Украина, додаде тој.