Бројот на потврдени нови случаи на коронавирус во Русија се зголеми за 8.726 со што вкупниот број на заболени лица во оваа земја е 449.834, соопшти денеска кризниот центар задолжен за сизбување на вирусот.
Русија по бројот на заразени лица е на третото место во светот, зад САД и Бразил.
Починати се уште 144 лица,со што вкупниот број на починати во Русија е 5.528 лица.
За оздравени во Русија се водат вкупно 212.680 лица.