вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Салвадор уапсени повеќе од 400 криминалци

Во Салвадор уапсени повеќе од 400 криминалци

Полицијата во Салвадор уапсила повеќе од 400 членови на криминалната банда Мара Салватруча, во една од најголемите акции во борбата против криминалот во земјата.

Бандата е позната и како МС-13, а некои од уапсените се осомничени за трговија со дрога, изнуди и нарачување убиства на полициски функционери.

Директорот на Националната цивилна полиција Хаурад Кото изјави дека целта на акцијата биле апсења и разбивање на широката финансиска и логистичка криминална мрежа.