Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе има средба со американскиот претседател Џо Бајден „во наредните денови“ на состанокот на Г7 во Хирошима. Тоа го изјави денеска шефот на Кабинетот на Зеленски.
Двајцата лидери ќе разговараат за низа теми, вклучително и меѓународната коалиција за борбени авиони, благодарение на која „Украина наскоро ќе има се што и е потребно за да го заштити нашето небо, нашите градови и нашите граѓани“, рече Андриј Јермак.