петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во сообраќајна несреќа во Тунис загинаа 22 луѓе

Во сообраќајна несреќа во Тунис загинаа 22 луѓе

Најмалку 22 луѓе загинаа, а 21 човек се повредени откако автобус излета од пат во Тунис.

Според Министерството за туризам сите загинати се државјани на Тунис.

Автобусот сообраќал од главниот град Тунис за Аин Драхам, а несреќата се случила во областа Аин Снуси. Автобусот ја пробил железната ограда и падна во провалија.

Планинската област Аин Драхам е туристичка дестинација, која се наоѓа во близина на границата со Алжир.

Според Светска здравствена организација, Тунис е на второ место, зад Либија во северна Африка, по бројот на сообраќајни несреќи. (МИА)