Најмалку 55 Палестинци беа убиени во Појасот Газа во текот на ноќта откако Израел објави дека ги засилува своите бомбардирања, соопшти владата на политичкото крило на Хамас.
Најмалку 55 луѓе се убиени „во текот на ноќта до 6 часот наутро, а повеќе од 30 згради се уништени“, се вели во соопштението на владата на палестинското исламско движење, која управува со енклавата.
Израелските сили убија четворица Палестинци на Западниот Брег во текот на ноќта, со што вкупниот број на убиени Палестинци таму од 7 октомври се искачи на 89, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство. (МИА)