петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Турција по нападот во Истанбул уапсија 50 лица

Во Турција по нападот во Истанбул уапсија 50 лица

Турската полиција уапси повеќе осомничени во врска со бомбашкиот напад во неделата, во кој загинаа шест лица, а неколку десетици беа повредени.

Бројот на уапсени достигна 50, објави во вторник турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Неколку часа по експлозијата, полицијата упадна во Истанбул и уапси Сиријка осомничена дека оставила ТНТ-бомба на булеварот Истиклал.

Полицијата соопшти дека жената, идентификувана како Ахлам Албашир, илегално преминала во Турција од Сирија и го признала нападот.

Турските власти ја обвинија за нападот забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), како и нејзините поврзани групи на сириските Курди. Сепак, курдските милиции негираат вмешаност.

Анкара и Вашингтон ја сметаат ПКК за терористичка група, но не се согласуваат околу статусот на сириските курдски групи кои беа сојузници на САД во борбата против групата Исламска држава во Сирија.

Турција е налутена од американската поддршка за курдските групи во Сирија, а во понеделникот турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека ги отфрлил пораките на сочувство од САД.