Турските власти уапсиле 48 воени пилоти за кои постои сомневање дека се поврзани со Фетулах Ѓулен.
Официјална Анкара го обвинува Ѓулен за организирање на обидот за преврат во 2016 година.
Обвинителството во Анкара соопшти дека се уапсени 48 пилоти на хеликоптери. Сите се во составот на командата на копнената армија, тројца се со чин полковник и четворица со чин потполковник.
Уапсените пилоти се во притвор во седиштето на полицијата за борба против тероризам.
Обвинител издаде и налог за апсење на 15 цивили за кои постои сомнеж дека биле „врска“ на пилотите со движењето на Ѓулен.