вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во вториот круг од парламентарните избори во Тунис излезност од само 11,3 отсто

Во вториот круг од парламентарните избори во Тунис излезност од само 11,3 отсто

Гласачите во Тунис масовно го бојкотираа вчерашниот втор круг од парламентарните избори во земјата, бидејќи на гласање излегоа само 11,3 отсто од осумте милиони граѓани со право на глас, покажуваат прелиминарните резултати на Државната изборна комисија.

Американските медиуми потсетуваат дека оваа бројка на излезени гласачи е приближно слична на онаа од првиот круг од изборите, што беше одржан минатиот месец.

На гласањето не излегоа огромен број незадоволни граѓани од состојбата во земјата, а влијателната исламистичка партија Енада и другите опозициски движења ги бојкотираа изборите, кои, според американските медиуми, се сметаа за важен тест за претседателот и демократијата во земјата.

Арапскиот свет овие избори во Тунис ги гледа како последен обид на претседателот Каис Саид да ја консолидира моќта, да ги „скроти“ исламистичките ривали и да ги придобие кредиторите и инвеститорите, што му се потребни за да се спаси уништената економија, додава американската агенција.

Со вака слабиот одѕив сега се доведува во прашање легитимноста на идниот парламент и може да се комплицираат плановите на претседателот Саид.

Државната изборна комисија се очекува в среда да ги објави првичните официјални резултати. (МИА)