четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Воен транспортен авион се урна во јужна Украина, има жртви

Воен транспортен авион се урна во јужна Украина, има жртви

Украински авион се урна за време на „технички лет“ во јужна Украина и има жртви, соопштија локалните власти.

Авионот АН-26, воен транспортен авион управуван од украинските вооружени сили, се урна утрово во областа Вилнија во регионот Запорожје, соопшти регионалната воена управа на Запорожје.

Околностите за несреќата се проверуваат и повеќе информации ќе има подоцна, додаваат властите. (МИА)