Турција ќе ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци, изјави денеска заменикот премиер Бекир Боздаг.
Вонредната состојба беше воведена во Турција по неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година.
Боздаг рече дека Националниот совет за безбедност ќе разговара за продолжување на вонредната состојба на следната седница и додаде дека кабинетот ќе го одобри тој потег.