петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредно обраќање на Зеленски: Бара итно да се ослободи градоначалникот на Мелитопољ (ВИДЕО)

Вонредно обраќање на Зеленски: Бара итно да се ослободи градоначалникот на Мелитопољ (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски штотуку објави ново видео обраќање до нацијата на социјалните мрежи.

Зеленски вели дека руската армија претрпе најголеми загуби во последните неколку децении – тврдејќи дека 31 руски баталјон одред сега е неспособен за борба.

Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопољ, кој наводно бил киднапиран од руските сили, велејќи дека разговарал за ова прашање со француските и германските лидери.

– Ова е граѓанска војна. Ова е војна за нашата независност – рече Зеленски.

Зеленски вели и дека Украина соработува со Европската комисија за забрзување на нејзиното членство во ЕУ.