понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Вооружена банда му помогнала на затвореник да избега од полициско комбе

Вооружена банда му помогнала на затвореник да избега од полициско комбе

Вооружена банда му помогнала на затвореник да избега од полициско комбе додека го носеле на судење во Франција.

Разбојниците ја бутнале полицајката на земја и го извлекле затвореникот , по што им се губи трагата. Затвореникот требало да биде префрлен од затворот Безиер во друг затвор на 150 километри оддалеченост , а во меѓувреме да се појави на суд за вооружен грабеж.

Ова е второ драматично бегство на затвореник во Франција во рок од една година. Минатата година затвореник избега од затвор со хеликоптер, а по три месеци е уапсен во Париз.

Вооружената банда денеска пред судот го дочекала затвореникот и полицајците. Побарале од полицајката да го пушти , па откако одбила, ја бутнале и почнале да пукаат . Никој не е повреден во инцидентот.