петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Стави питон околу вратот, никој не сфати дека змијата се обидува да го убие (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Стави питон околу вратот, никој не сфати дека змијата се обидува да го убие (ВИДЕО)

Точката со дресура на питон на улиците на Индија заврши на најлош можен начин кога змијата го задави дресерот пред публиката, а никој од собраните на време не сфати за што станува збор.

На видеото јасно се глеа како маж го завртува питонот околу својот врат, како што веројатно правел неброено пати пред тоа, но за само неколку моменти паѓа немоќен да го исконтролира смртоносниот стисок на ѕверот.

Движењето кое непосредно пред тоа го направи со рака никој од публиката не го сфати како повик за помош, така што насобарнтие прво помислиле дека тоа е само дел од неговиот настап.

Кога сфатиле дека човекот има сериозен проблем, му ја тргнале змијата од вратот, но мажот повеќе не се помрднал. Прво се обиделе да го освестат полевајќи го со вода. но и тоа не помгнало. Потоа е префрлен во болницата во Варанаси, но неговата состојба останува непозната.

За жал ова е е само еден во низата случаи во кои „миленичето“ го напаѓа својот дресер. Недела дена претходно е забележан случај во Малезија кога кобра со еден гриз усмрти многу познат маж кој со својата змија дури настапуваше и во едно славно талент шоу. Истиот случај е забележан и овој месец во Мароко.

Исто така, минатата година британскиот вљубеник во змии Ден Брендон е пронајден мртов во својот стан покрај својот миленик питон, а истрагата покажа дека змијата го удавила.