недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бик со запалени рогови уби човек

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бик со запалени рогови уби човек

Утрово им подлегна на повредите 71 – годишен маж , кој вчеравечер беше нападнат од бил со запалени рогови за време на прослава во градот Џерика.

Според локалните медиуми, човекот загинал за време на фестивалот на кој се одржала манифестацијата „toro embolado”, карактеристична за подрачјето на Валенсија и Каталонија, на која бикот носи дрвени топки на роговите што горат и така трча по улиците, а минувачите се обидуваат да го избегнат.

Бикот од улица на главниот плоштад пристигнал во 1:30 часот и удрил во човек, кој бил свртен со грбот и не забележал дека бикот пристигнал.

Го отфрлил кон заштитната ограда и човекот се запалил од огнот на роговите. Човекот бил префрлен во болница во градот Сагунто, каде им подлегнал на повредите.