понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: „Ќерка ми е, ја препознав“ – Хамас парадира со безживотно тело на двојка, мајката очајно бара помош

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: „Ќерка ми е, ја препознав“ – Хамас парадира со безживотно тело на двојка, мајката очајно бара помош

Застрашувачко видео од германскиот тату уметник Шани Лук во пикап кружи на социјалните мрежи откако палестинска милитантна група изврши напад врз Израел, пренесува блиц.рс.

Шани била на фестивалот на мирот во близина на Кибуц Урим кога се случил нападот. Прво биле испукани ракети, а потоа се појавиле вооружени милитанти кои почнале да пукаат кон толпата, објави „Инсајдер“. Посетителите на фестивалот изјавија за Си-Ен-Ен дека луѓето веднаш почнале да бегаат од масакрот, минувајќи покрај мртвите тела на земјата.

Недолго по нападот на фестивалот, почна да кружи видео снимка од млада жена во пикап опкружена од милитанти на Хамас. Се гледа дека таа е соголена до долната облека, дека нозете и се свиткани под неприроден агол, додека војник ја држи за коса. Некои луѓе ја плукаа по телото.

Нејзиното лице не се гледало, но семејството можело да ја препознае благодарение на нејзините карактеристични тетоважи, пишува Вашингтон пост.

Рикарда Лук, мајката на Шана, подоцна преку видео апелираше за информации во врска со судбината на нејзината ќерка, која е во раните 20-ти години и има двојно германско-израелско државјанство.
-Утрово мојата ќерка Шани Лук, германски државјанин, која беше со туристичка група на југот на Израел, беше киднапирана од палестински Хамас. Добив видео на кое јасно можев да ја видам ќерка ми онесвестена во возило со Палестинци. Ве молиме испратете каква било помош или новост. Благодарам – изјави Рикарда.

Братучедот на Шана, Том Вајнтрауб Лук, изјави за Вашингтон пост дека семејството се обидело да стапи во контакт со неа откако се проширила веста за нападот.

-Знаевме дека е на забава. Таа не одговори – рече тој.

Иако не е јасно дали Шани е жива, семејството се надева на тоа.

-Имаме малку надеж. Хамас е одговорен за неа и за другите – рекол Том.

На профилот на Шана на „Инстаграм“, каде што објавува слики од патувања и фестивали за своите 36.000 следбеници, сега има коментари полни со надеж дека таа е жива, но и осуди за војната и постапките на Хамас.

„Еден ден се забавувате на фестивал, а следниот цел свет го гледа вашето безживотно тело во пикап на интернет. Страшно и брутално. Сакам само оние кои го направија тоа да не останат неказнети“, гласи еден коментар.