Жена која била вработена во Амбасадата на Германија во Бејрут загинала во експлозијата која се случи на пристаниште во овој град, соопшти германското Министерството за надворешни работи.
-Нашиот најголем страв се потврди. Членка на нашата Амбасада во Бејрут починала во својот дом при во експлозијата, стои во соопштението.
Најмалку 137 лица загинаа и повеќе од 5.000 се повредени во експлозијата која се случи пред два дена во главниот град на Либан.
Либанските спасувачки екипи и денес ја продолжуваат потрагата по преживеани лица под урнатините по страшната експлозија во Бејрут.