Дете на возраст од 12 години е пронајдено живо откако 40 минути било затрупано под снег откако лавина паднала врз него на Француските Алпи.
Детето, чие име не е објавено, скијало со семејството кога го погодила лавина.
По 40 минути под снегот со кој го затрупала лавината, детето го пронашле кучиња трагачи.
„Шансите за преживување по 15 минути под снег се минимални“, рече еден од спасителите.
Детето помина само со скршена нога и се наоѓа на лекување во локалната болница.