среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Вучиќ: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, не воведува санкции за Русија

Вучиќ: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, не воведува санкции за Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и` се обрати на нацијата.

Фокусот на обраќањето на претседателот е на украинската криза, односно позицијата на Србија во однос на руско-украинскиот конфликт.

Вучиќ вчера и денеска претседаваше со седниците на Советот за национална безбедност, по што и` ги соопшти своите одлуки на Србија.

Покрај претседателот, присутна беше и премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието Ивица Дачиќ.

„Ова се тешки денови за сите граѓани на Европа и светот, а особено тешки за нас во Србија“, започна Вучиќ.

„Бевме соочени со многу противречности и проблеми кои не можам да ги презентирам во јавноста. Бевме соочени со бројни притисоци. И покрај тоа, одлуката ја донесовме трезвено, ладнокрвно, затоа што сме избрани за тоа. Имаше толку многу лаги и дезинформации во медиумите во Србија и регионот за ставовите на Србија, што се запрашав зошто некој толку многу сака да гледа во српскиот двор. Затоа што не може поинаку, сака да и наштети на Србија“.

Претседателот потоа го прочита заклучокот на Советот за национална безбедност:

„Република Србија искрено жали за се` што се случува во Источна Европа. И украинскиот и рускиот народ се пријателски расположени. Еден од основните принципи на надворешната политика на Србија е доследно почитување на неповредливоста на суверените држави, за што се залага Србија. Србија целосно го поддржува територијалниот интегритет на Украина. Србија ќе се води исклучиво од своите интереси кога одлучува за усвојување рестриктивни мерки и санкции против која било земја, вклучително и Русија“, рече Вучиќ, објаснувајќи дека Србија нема да воведува санкции кон Русија.